fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Националната федерација на фармери ја почнa кампањата „Купувајте домашни производи”

Не смее да пропаѓа домашното производство, потребна е поддршка за негов опстанок во време на корона кризата.

Ова се двете клучни пораки на кампањата „Купувајте домашни земјоделски производи” на Националната федерација на фармери (НФФ) што почна денеска, а целта е да се поттикне зголемувањето на потрошувачката на домашните земјоделски производи на домашниот пазар.

Според Федерацијата, градинарското производство и производството на овошје и грозје, како и производството на млеко и сирење се одвива главно кај индивидуалните земјоделски производители кои се мали стопанства и фрагментирани парцели.

– Колку е важно земјоделството во државата и колку е важно да го подржуваме и зачуваме нашето домашно производство покажуваат и статистиките според кои вкупно 180.000 семејства егзистират од земјоделството, 45 отсто од македонското население живее во рурални средини кои зафаќаат 87 проценти од вкупната површина на државата. Економско-здравствена криза негативно се одрази и на семејствата во руралните средини посебно на нивната егзистенција и ќе поттикне зголемување на сиромаштијата, наведува НФФ.

Националната федерација на фармери подгови и промо видео „Купувајте домашни земјоделски производи”, почнува со делење флаери и постери во сите супермаркети и пазари во поголемите населени места и воедно ќе поддржи шест интервенции за обебзеденост и производство на храна за справување со последиците од ковид пандемијата, како и поттикнување на економско здружување на земјоделците и заедничко справување со предизвиците.

Активностите се дел од проектот Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија, финансиран од Шведската амбасада во Република Северна Македонија и се имплементира од страна на Шведската организација за развој We Effect заедно со Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој и Националниот ромски центар

– Ковид кризата ни покажа колку навистина е значајно и важно земјоделството и руралниот развој за опстанокот на државата, од друга страна ги истакна предизвиците со кои се соочува македонското земјоделство и нашите земјоделци. Здравствената и економска криза предизвикана од Корона Вирусот направи нарушување на пазарните синџири и создаде дополнителни проблеми во дистрибуцијата, затоа треба да се дејствува на дoмашен план и да се купуваат домашни земјоделски производи. Видовме дека најмногу оштетени беа сточарите со продажбата на јагнето, млекото, лозарите со продажбата на грозјето и градинарите со продажбата на пролетната зелка. Во оваа насока ние треба да го штитиме нашето домашно произвдоство и да не дозволуваме да станеме сто проценти зависни од увозната храна. Тоа ќе е страшно и за нас земјоделците, но и за сите граѓани во државата, бидејќи ќе се купува многу поскапа храна, потенцира претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

Федерацијата оценува дека македонското земјоделство во овој временски опфат беше тешко погодено со пазарните ограничувања, недостаток на сезонски работници, ограничување во движењето, потешкотии во организација на транспорт и логистика.

Првичната анализа „Земјоделството и корона кризата” објавена од НФФ идентификува дека синџирите за снабдување со храна се веќе нарушени, дека постои недостаток на работна сила (посебно од сезонски карактери) како фактори кои долгорочно ќе го нарушат производството и преработката на храна. Оваа појава е особено нагласена кај интензивните земјоделските култури, при што се забележува и дека нарушените синџири за снабдување со храна ќе резултираат со зголемено ниво на загуба на храна кое во овој и наредниот период драстично ќе се одрази.

Слични написи

Back to top button
Close