Агро бизнисВестиТоп вести

Платежната агенција започнува со исплата на заостанатите обврски кон сточарите за годините до 2025 година

Платежната агенција ги изготви налозите и веќе ги достави до Трезорот за исплата на заостанатите обврски кон сточарите за 2022, 2023 и 2024 година.

– Платежната агенција започнува со исплата на заостанатите обврски кон сточарите за годините до 2025 година –
Платежната агенција ги изготви налозите и веќе ги достави до Трезорот за исплата на заостанатите обврски кон сточарите за 2022, 2023 и 2024 година. По расчистувањето на овие стари сметки, ќе се пристапи и кон исплата на 2025 година. На располагање во буџетот има околу една милијарда денари, за кои, новата директорка на Агенцијата, уверува дека ќе бидат доволни за сите сточари да бидат исплатени. Најпроблематична е извесна мерка од 2024 година, која и го предизвикала застојот во исплатите. Со новата Програма за 2026 година, се очекува тоа да се надмине и конечно субвенционирањето во оваа гранка да започне да се врши редовно.
„Задоцнетата исплата рефлектира – во 2026 не може да се креира мерка за 2024 година. Имаме буквално луѓе, што не е коректно и не е поволна мерката, и од сите анализи што ги направивме – да не оставри некој право за 2-3 или 5 јагниња кои што ги нема предадено, сигурно не бил свесен дека за толку нема да исполни услов или критериум, инаку ќе ги предадел. А финансиската поддршка од 1.400 денари по грло е висока да може да му ја покрие на сточарот загубата со која се соочува. Од околу 2200 апликации што ги имаме, само 800 луѓе го исполниле овој услов“, – изјави Даниела Иротова – Лазарева, в.д. директорка на Агернцијата за финансиска поддршка на земјоделците.
Сточарите пак, со нетрпение ги очекуваат овие средства и притоа алармираат на рапидното намалување на бројот на овци во земјава кој од некогашните 2,5 милиони сега е паднат едвај на 250.000 глави овци. Тие бараат испалата на сите заостанати субвенции, регулирање на откупот на јагнињата, откупните цени да се зголемат од сегашните 230 на најмалку 300 денари по кг жива мера, како и точна презентација на новата Програма за престојнава година.
„Откупот е тежок, не ги земаат кланиците, дали некој финти се во прашање, не знаеме. Чекаат 5 до 12 да ни ги земат поевтини јагнињата. Многу е намален сточниот фонд, јас мислам дека ни 200.000 овци нема“, – вели Марјан Стојаноски, сточар од с. Новоселани.
„Половина од сточарите не ги исполнија мерките и тие останаа без ниту еден денар оваа година.Битно е да им се овозможи на сточарите да се вратат повторно во живот, да се субвенционира сега оти тие останаа без пари некаде половината веќе“, – рече Боби Бошевски, сточар од Битолско.
На денешната средба со директорката на Агенцијата која беше на барање на сточарите, освен што беше презентирана новата Програма, беше истакнато дека најдоцна до јуни ќе бидат исплатени и платите за овчарите за 2025 година.
Преземено од Каролина Дурло/ТВ АЛФА

Поврзани новости

Back to top button