fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Преполовено производството на житарици во Пелагонија, лебното зрно на 12.000 хектари

„Ако се вратиме повеќе од 10 години наназад, само комбинатот Пелагонија сееја површини од 8 до 10 илјади хектари со есенски култури. Далечните години, гигантот за тоа време, ЗИК Пелагонија, произведуваше над 70 илјади тони зрно…“, рече Тоде Лазаревски-земјоделски агроном.

Големи површини од најголемата житница во Македонија, Пелагонија, последните години остануваат непосеани, односно необработени Производството е преполовено и е далеку од златните години кога во тој дел на земјава се сееја и повеќе од 20.000 хектари. Ова се случува иако Македонија станува сè поголем зависник од увоз на секаков вид на храна, а поради војната во Украина цената на храната годинава многукратно поскапе, а немаше и суровини.

„Ако се вратиме повеќе од 10 години наназад, само комбинатот Пелагонија сееја површини од 8 до 10 илјади хектари со есенски култури. Далечните години, гигантот за тоа време, ЗИК Пелагонија, произведуваше над 70 илјади тони зрно…“, рече Тоде Лазаревски-земјоделски агроном.

Лебното зрно сега е застапено на 12.000 хектари. Тоа е за само 2.000 повеќе од минатите години. Дополнителен проблем е што во Македонија сè помал е бројот на млади земјоделци. Војната во Украина значително ги зголеми и цените на неопходните репроматеријали.

„Сточната храна е за 100% зголемена. Сега пченката, основната состојка во храната е некаде 22 денари по килограм. А, беше 18 денари. Со тенденција дека уште ќе се зголемуваат житариците. Јас велам дека треба во секое село да има еден инспектор за да видат кои се правите земјоделци во тоа населено место и да ја насочат помошта кај правите земјоделци“, нагласи Бране Дамјаноски-сопственик на фарма.

Во последните неколку години, според Заводот за статистика, рекордна по производство била 2016 година, кога биле произведени 60.000 тони лебно зрно, а најмало производство имало во 2015, со ожнеани 17.000 тони.https://alsat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close