fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Преспанските јаболкопроизводители бараат субвенциите да продолжат до 30 јуни годинава

Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско.

Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско.

Претседателот на здружението „Благој Котларски“ Љубе Пампулевски ги повтори петте клучни барања на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа, кои ќе бидат изнесени пред ресорниот министер.

– Имавме конктинуирано тешка сезона од самиот почеток. Домашните трговци ги откупуваат јаболката по многу ниска цена. Интервентната мерка од три денари по откупен килограм индустриско јаболко ќе ја зголеми цената за прва класа ајдарет на шест до осум денари. Производната цена на јаболкото е девет до 10 денари. Значи работиме со загуби, изјави Пампулевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close