Претпладне сончево и многу топло, попладне нестабилно со дожд грмежи и засилен ветер
Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се чувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. Поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.