Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ-индексот 7.
Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец се очекува до претпладневните часови. Попладне времето ќе биде нестабилно и облачно со пороен дожд и грмежи. локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ-индексот 7.
Во Скопје денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Од утре до петок ќе настапи стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.