fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Претпладне сончево, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд

Дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28.

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28.

Утре претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close