ВестиТоп вести

Барања за субвенции за млеко и за несилки до 5 ноември

На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година.

baranja za subvencii za mleko i za nesilki do 5 noemvri

 

Износот на поддршката изнесува 3 и пол денари за литар, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Агенцијата ги потсетува млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

До 5 ноември 2016 година завршува и рокот за поднесување барање за директни плаќања за несилки внесени во капацитетот за производство на јајца во период од мај до септември оваа година.

Поврзани новости

Back to top button