вестиМакедонијаТоп вести

Претставници од С. Македонија учесници во Европски проект за реформи во политиките за рурален развој

Полирурал проектот насловен „Колаборативна политика за рурален развој” е финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации H2020.

Клучната цел на Полирурал проектот е да поттикне развој на руралната политика, да понуди сигурно и транспарентно решение за руралниот развој преку вклучување на сите засегнати страни (земјоделци, експерти, носители на одлуки) во насока на креирање попривлечни и подостапни руралните области за постојното население и потенцијалното ново рурално население.

Полирурал има за цел да обезбеди инклузивно опкружување за размена на знаења и искуства каде руралното население, истражувачите и креаторите на политики се здружуваат за решавање на заедничките проблеми. Преку квалитативни и квантитативни пристапи на истражување проектот ќе обезбеди евалуација на ефективноста на постојните мерки и политики за рурален развој и ќе понуди иновативни предлози за стимулација на руралната политика со изработка на студија за предвидување која ќе ја инкорпорира развојната траекторија на земјоделството и останатите поврзани сектори до 2040 година, користејќи различни сценарија во кои еволуцијата на руралното население зазема централно место. Врз основа на овие активности од Полирирал ќе произлезат препораки кои ќе им овозможат на носителите на одлуки на различни нивоа да бидат подготвени за справување со постојните и идните предизвици во однос на развојот на руралните средини.

АгФутура Технологии, како пилот-лидер, заедно со организацијата Платформа за зелен развој, како пилот-партнер, ги реализираат проектните активности во Северна Макаедонија, регион Гевгелија-Струмица, како еден од вкупно 11 пилот региони од Европа вклучени во проектот Полирурал.

Во октомври 2020 година во Струмица беше организиран настан на регионалниот панел кој го сочинуваа фармери, експерти и креатори на политики со цел поврзување со останатите клучни поединци, членови на здруженија, претставници од јавни институции кои имаат значајна улога во иницијативата и ќе помогнат во спроведувањето на препораките од проектот при дизајнирање на идните политики за рурален развој. Членовите на пилот-тимот ја презентираа визијата, планот за имплементација на активностите, причината и потребата од вклучување на сите засегнати страни, како и очекуваните резултати, ефектите и придобивките од проектот и пилот активностите.

Слични написи

Back to top button
Close