fbpx
ВестиТоп вести

Презентација на Агриви апликација во Битола

 

Најмоќниот софтвер со кој може да се управува земјоделското производство стигна и во Македонија. Претставниците од оваа компанија денеска имаа можност во просториите на Синпекс Битола , да ги претстават можностите и предностите што оваа апликација ги нуди.

Агриви  е една од водечките глобални агротехнолошки компании со фокус на развој на дигитални решенија за сите учесници во земјоделското производство .  Од нејзиното оснoвање во 2013 година, компанијата има јасна цел, промена на начинот на производство на храна. Софтверската апликација Агриви е така направена да може да им помага на земјоделците да постигнат  одржливо и профитабилно производство.

„Компанијата е стара 5 години и ја основа наш фармер кој почнал да се занимава со одгледување на боровинки. За сето ова време до сега имаме над 40 000 корисници во над 150 земји во светот со поддршка на 19 јазици. Со помош на апликацијата  може да се следат комплетно сите операции во процесот на производство, од финансии па  до сеење или садење, ѓубрење, заштита , берба, како би дошле до комплетна анализа во работењето“, изјави за Зелена берза Марин Иваштиновиќ- претставник од секторот продажаба на Агриви.

Со помош на оваа апликција со внесување на точни податоци после секоја активност, земјоделецот може да донесе одлука која култура му се исплати да ја одгледува и која култура е најпрофитабилна.

Како што велат од Агриви, апликацијата може да ја користат сите земјоделци без разлика со што се занимаваат, овоштарство , градинарство , полоделство  и др. и без разлика каков начин на производство се користи, конвенционален или интегриран.

Она што е потребно е поседување на компјутер или мобилен телефон како и пристап на интернет.

Во  нашата држава  постои интерес за оваа апликација  и главен дистрибутер  за Македонија е Синпекс Битола. Во фокусот на вниманието на Агриви сега се Србија, Црна Гора и Македонија.

Радува фактот што македонските  фирми кои произведуваат храна ги увидуваат позитивните страни на употребата на оваа апликација.

„Имањето на еден ваков сфтвер кој ќе  го следи целосното производство  е од големо значење за една компанија, затоа што од една страна целосно се гледаат направените трошоци за секоја култура,  посебно  за секое поле, за секоја катастарска парцела, а од друга страна да се видат резултатите и кое семе е најдобро и најпродуктивно . Исто така софтверот овозможува да се пронајдат и слабите точки кои би се отфрлиле во наредната сезона, што е многу важно за една копмпанија која се занимава со растително производство“, изјави Анета Андовска Сараулева  претставник од Агриа груп од Велес, која присуствуваше на презентацијата.

Клучните карактеристики на Агриви апликацијата се: комплетна анализа на производството, временска прогноза, упрвување со финансии како и ресурси и залихи. За досегашното работење Агриви има добиено бројни признанија.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close