fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Презентација на активностите за производство на квалитетен семенски материјал за пченица

На денешниот настан ќе биде презентиран опит со четири сорти есенска пченица (миленка, радика, подобрена оровчанка и осатка), кој е во завршна фаза.

Презентација на реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени ќе се одржи денеска во организација на Земјоделскиот институт – Скопје при УКИМ и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Настанот е во рамки на регионален проект на ФАО за техничка соработка, чија цел е создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени во неколку држави од регионот, вклучително и во Северна Македонија.

Поздравни говори ќе имаат Абдулшуќур Абедини, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и проф. Д-р Виктор Ѓамовски, директор на Земјоделскиот институт Скопје.

На денешниот настан ќе биде презентиран опит со четири сорти есенска пченица (миленка, радика, подобрена оровчанка и осатка), кој е во завршна фаза. Дополнително, ќе им бидат доделени сертификати на земјоделците и земјоделските организации кои учествуваа во неодамнешната серија на обука во рамки на проектот, каде имаа можност да го надградат своето знаење за да остварат оптимални приноси преку производство на квалитетен семенски материјал од пченица и негово прилагодување на климатските промени.

Во соработка со УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, се спроведуваат активности фокусирани на квалитетното семепроизводство за три земјоделски култури (грав, пиперка и пченица) преку демонстративни опити во неколку региони за секоја култура – Кочани, Скопје и Лозово. Преку демонстративните опити се оценува влијанието на климатските промени врз производството во различни услови, како и ефектите од примената на различни агротехнички мерки за зголемување на отпорноста на одгледуваните видови кон климатските промени. До сега на терен се реализирани демонстративни опити со две популации тетовски грав и три сорти пиперки (сиврија, амфора и везен лут), посочуваат организаторите на настанот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close