fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Презентација на ИПАРД програмата во Кавадарци

Инвенстиции во основни средства на земјоделските стопанства, инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопственото земјоделско производство, подигање на нови насади

ИПАРД програмата ќе биде презентирана денеска во Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Оттаму најавија дека на презентацијата ќе бидат присутни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, градоначалникот Јанчев и претставници на телото со управување на ИПАРД и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

– Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања, со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата, до потенцијалните корисници, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Според најавите, на настанот ќе бидат промовирани три мерки, пред заинтересирани потенцијални корисници на поддршка од оваа програма.

Инвенстиции во основни средства на земјоделските стопанства, инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопственото земјоделско производство, подигање на нови насади и слично.

Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи, изградба на преработувачки капацитети млекари, кланички капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук, опремување со машини и опрема.

Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини, поддршка на сите производни капацитети од сите дејности, што се лоцирани во рурални средини.  Извор: МИА.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close