fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зголемен интерес за субвенции

Видео-Од година во година расте интересот кај земјоделците за субвенционирање на повеќегодишните култури, овошни насади со лешник и бадем и лозови насади.

Од година во година расте интересот кај земјоделците за субвенционирање на повеќегодишните култури, овошни насади со лешник и бадем и лозови насади. Карактеристично е што последните неколку години за одгледување на овој вид култури се заинтересирани младите земјоделци.

– Секоја година ни се зголемува и бројот на апликанти, поточно, на млади лица кои барат да се евидентираат во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и да се занимаваат со оваа дејност – изјави Павел Иванов.

И покрај ковид пандемијата, ПЕ на минстерството се отворени за земјоделците за аплицирање за субвенции, меѓутоа со почитување на здравствените пртоколи, носење заштитна маска и одржување на дистанца. Земјоделците за субвенции можат да се пријават и по електронски пат.

– Со регистрирање на е-барање на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и сами да поднесат апликација за директни плаќања за 2021 година, додаде Иванов.

Во Штипско-Карбинскиот регион годишно за субвенционирано земјоделско производство се пријавуваат околу 2400 регистрирани земјоделци. Иванов смета дека годинава тој број ќе биде поголем, а крајниот рок за пријавување е 31 мај.https://sitel.com.mk/zgolemen-interes-za-subvencii

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close