Прифатени три од петте барања на угостителите
(видео)Субвенции за плати во угостителската индустрија се додека трае пандемијата - ова е едно од барањата на стопанственците од овој сектор испорачани на средбата со вицепремерот Фатмир Битиќи.
Субвенции за плати во угостителската индустрија се додека трае пандемијата – ова е едно од барањата на стопанственците од овој сектор испорачани на средбата со вицепремерот Фатмир Битиќи.
Од нивните пет барања – три се исполнети, четвртото останува да се доработи, а во однос на петтото барања немало договор. Од владата велат дека остануваат посветени на конструктивен дијалог со сите засегнати страни.
Предлогот на петтиот пакет, кој се уште не е финално дефиниран, содржи околу дваесет мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат.https://www.24.mk/details/prifateni-tri-od-pette-baranja-na-ugostitelite