вести

ПРОЛЕТЕН МРАЗ: Тече рокот за пријава на штети, се очекуваат поскапувања

mraz

Поскапување на повеќе земјоделски производи заради штетата од пролетниот мраз, очекуваат земјоделските здруженија.

Повисоки цени се најавуваат за јаболката, грозјето, компирот и други овошја и раноградинарски култури одгледуваани во Преспа, Тиквеш, струмичко, прилепско и други региони.

Никола Стаменов, претседателот на ФФРМ

Федерацијата на фармери повторно ги повика земјоделците да го осигируваат производството бидејќи климатските промени и натаму ќе прават штета во македонското земјоделество.

Земјоделците ќе бараат банките да им обезбедат евтини кредити за набавка на мрежи за заштита од град во летниот период.

Од вчера подрачните единици на министерството за земјоделство почнаа да примаат барања за проценка на штетите од мразот. Рокот за поднесувања на барањата е 10-ти мај. Штетите на терен ќе ги проценуваат 73 комисии формирани за оваа цел.


 

сител.мк

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close