Прихрана на житни култури

 

Почитувани, ме интересира кога треба да се извршува прихрана на житните култури и ако треба со какво ѓубриво?

 

Почитувани,

Според календарот на активности сега е времето кога треба да се изврши прихрана на житните  култури посеани од есен.

Треба да се направат 2 прихрани  една сега и една кај 15 февруари.

Со оглед на тоа што сеидбата доцнеше и поникнувањето на културите не е на секаде исто.

Културата треба да биде во фаза на братење, односно да има две до три ливчиња.

Доколку има лисна маса на растението треба да се почне со прихрана, ако нема, треба да се причека со прихраната.

За прихрана може да  се употреби  тарана( амониум нитрат 34,5%); КАН 26% или  уреа 46 % .

Изборот на ѓубре зависи  и од почвата. За  да се знае точно кое ѓубре и во коклкави количини  треба да се аплицира неопходна е хемиска анализа на почва.

З.Б.

 

Share Button