fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бугарија го проширува преминот Станке Лисичково, ќе се олесни патувањето меѓу Делчево и Благоевград

Ако се остварат најавите за повеќе ленти тоа ќе биде олеснување и за Бугарите но и за нас Македонците кои често патуваме до најблиските градови во соседна Бугарија, вели жител на Делчево.

Во тек се активности за проширување на тесното грло на граничниот премин Станке Лисичково, кој се наоѓа на 10 километри од градот и веднаш после граничниот премин Делчево. Делчевчани кои често патуваат на релација Делчево – Благоевград потврдија дека на бугарскиот дел од граничниот премин се наоѓаат градежни машини кои работат на дел од теренот, потенцирајќи дека проширувањето е доста важно за жителите од двете страни на границата, особено за жителите на Благоевград и Делчево, кои се оддалечени околу 40 километри еден од друг.

– Секако проширувањето на преминот од бугарска страна многу ќе влијае на побрз проток на патници бидејќи досега често се случуваше да има голем метеж, поради само едната лента на кој поминуваа возилата при влез во Македонија. Ако се остварат најавите за повеќе ленти тоа ќе биде олеснување и за Бугарите но и за нас Македонците кои често патуваме до најблиските градови во соседна Бугарија, вели жител на Делчево.

Како што претходно беше објавено во дел од локалните и регионални медиуми во Благоевград, градежните работи на овој граничен премин ќе траат 180 дена, a работите ќе бидат видливи по една година.

– Движењето на лесни и тешки возила низ пунктот додека траат работите нема да биде запрено, освен ограничување во некои сектори. Со почетокот на градежните работи овде ќе се изгради нов граничен пункт, а трасите од една во секој правец ќе ги има вкупно три. Тоа ќе стане факт најдоцна за една година, се вели во последната изјава на претставниците од Агенцијата „Граници“ за дел од бугарските медиуми.

Во меѓувреме се поголем е бројот на бугарски граѓани кои го посетуваат Делчево, особено во летниот период. Најмногу се забележливи на новоизградениот градски пазар, хипер-маркетите и делчевските кафеани играјќи значајна улога во раздвижувањето на локалната економија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close