fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Усвоена петгодишна Национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој 2023 – 2027

Буџетот за оваа година го темелиме на 5 клучни столбови: реализација на најголемата реформа во земјоделството преку новиот модел за субвенционирање, поддршка на малите семејни бизниси и малите семејни винарии, капитални водостопански инвестиции, модернизација на македонското земјоделство и нашиот главен приоритет пошумување

Министерот Љупчо Николовски објави дека заедно со секторите во министерството, АФПЗРР и АХВ ги финишираме годишните програми за поддршка и веќе до крајот на овој месец ќе бидат изгласани од страна на Владата.
Подготвената петгодишна Национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој 2023 – 2027 веќе е усвоена од Владата.
2023 година имаме најголем буџет во земјоделството вреден 12 милијарди денари со која предвидуваме многу нови мерки за поддршка на земјоделците и започнување на новиот модел за субвенционирање.
Буџетот за оваа година го темелиме на 5 клучни столбови: реализација на најголемата реформа во земјоделството преку новиот модел за субвенционирање, поддршка на малите семејни бизниси и малите семејни винарии, капитални водостопански инвестиции, модернизација на македонското земјоделство и нашиот главен приоритет пошумување и обнова на шумскиот фонд преку зелената транзиција.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close