Прилепчани фатени со крадени дабови дрва нападнале полицајци
И во село Журче фатени дрвокрадци
На 09.10.2024 кај место викано „Поводеници”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација. Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило. Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.10.2024 во периодот од 18.00 до 22.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар во координација со шумочуварска служба од ЈП „Национални Шуми “- подружница „Бигла“ – Демир Хисар, при преземање мерки во атарот на с.Журче било затеканото патничко возило „лада” со кавадаречки регистарски ознаки натоварено со нежигосано дабово огревно дрво. Дрвната маса била предадена на подружница „Бигла“ – Демир Хисар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.