fbpx
ВестиСовети

П Р И М Е Н А Н А М Р А В Ј А К И С Е Л И Н А

mravja kiselina

Оваа киселина се става во најразлични садови и материи а делува на принципот на контролирано испарување ствараќи концентрација на пареа од мравја киселина која ја уништува вароата кај возрасните пчели и во затворено легло а при тоа не му штети на пчелите. Количината на пареа од  мравја киселина ќе зависи од јачината на киселината и големината на отворите од кои таа испарува и како потешка од воздухот оваа пареа полека патува  надолу низ кошницата убиваќи го паразитот на пчелите и во леглото,а при тоа не оставајќи резидуи во восокот и медот. Употребата на овој препарат се уште кај нашите пчелари наидува на отпор сметајќи ја за штетна и опасна. Треба да се напомени дека мравјата киселина не само што ја убива вароата во сите стадиуми кај пчелите туку има и широк спектар на делување во самата кошница. Ги убива: пчелната вошка, восочниот молец, ја спречува појавата на ноземоза и трулежни болести кај леглото. Според испитувањата кои се извршени е утврдено дека матицата во присуство на мравја киселина ја зголемува активноста и несе повеќе јајца и тоа редоследно. Мравјата киселина не го контаминира медот, восокот, цветниот прав и прополисот а паразитот не стекнува резистенција на истата. Ако се работи по упатство на производителот потполно е безопасна за пчеларот ,пчелите и лесно се ракува со неа. Мравјата киселина е една од најефикасните средства за заштита од вароата. Има повеќе начини на примена со мравја киселина и тоа:

 

  1. Во најлонска кеса се става сунѓер или картон а потоа се става 70 – 100 мл.мравја киселина. Брзината на испарување зависи од отворите на кесата. Во прво време додека киселината е поконцентрирана на најлон кесата се прават два реза со ножици или скалпел со должина од 2-3 см. а како опаѓа концентрацијата резовите се продолжуваат. Најлон кесата се става од горната страна над пчелите, лето есен после цедењето на медот. Долготрајното делување на мравјата киселина го разредува медот во саќето а тоа лошо се одразува на зимувањето на пчелите. При работа се употребуваат нараквици и пластична престилка.

 

  1. Потребни се плиток капак од тегла, медицински шприц и мрежа со окца. Капачката во која ќе ја сместиме мравјата киселина ја покриваме од горната страна со мрежата која треба да е поширока од капачката со цел да неможи да влезат пчели. Сето заедно се поставува на плодишните рамки од задната страна спротивно од летото. Шприцот на местото од иглата се продолжува со парче од цевче во должина од 30 см. да би можело со него да се зема мери и да се налива киселината во припременото капаче.

Начин на работа: Се подигнува поклопната штица, се поставува капачето со мрежата над рамките. Мравјата киселина се држи во пластично шише а со продолжениот шприц се зема 20-25 см3 што зависи од јачината на друштвото. Полека се на шприцува киселината и се спушта поклопната штица и со тоа третирањето е завршено. Третирањето да се изведе во третата декада на септември а во случај на јака заразеност третирањето да се повтори. Се користи мравја киселина со концентрација 96-98 %.

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

 

 

  1. Мравјата киселина може да се сретне во два вида како техничка и чиста за анализа (лабораториска)

Третирањето треба да биде прекратено 7 дена пред почетокот на медособирот. Мравјата киселина се става во друштвата во пролет во време траење од 21-25дена а во есен со профилактичка цел од 10-12 дена. Испарувањето на киселината во друштвото не треба да е поголемо од 10-15 см3 во денот. Пред внесување на препаратот во друштвото покрај отворените (целосно) долни лета да се отворат и горните ако ги има. Ако во друштвото има многу пчели треба да се распоредат на поширок простор а  тоа се прави со додавање на наставок со рамки или празен. Концентрацијата на киселината е 85%. Мравјата киселина ја ставаме во најлонски кеси 20 х 30см. или плоснати стаклени шишиња или пластични со волумен од 200-250 см3 со диаметар на грлото околу 2см. Во кесата се става 2 до 3 слоја хартија со димензија 15 х 25 см. а дебелина 3 д о5 мм. и се налева со 150 – 200 мл. киселина. После впивање на киселината во хартијата или сунѓерот кесата се залепува од горната страна и се пакува. При уптреба на пчеларникот се зема кесата и се прават 1 – 2 отвори со диаметар 1-1.5 см и се става над сотоносите со отворите свртени надолу кон рамките. Отвори на ќесата лесно се прават со жарче од цигара или ножичка. Како сунѓер за носач на киселината добро е да се употребува куински сунѓер (трулекс). Во шишињата исто се наполнува 150 -200 мл. мравја киселина а потоа се потопува во шишето фитил со една пинцета, а по наквасувањето се извлекува од шишето да виси 5 см. и така се фиксира со ластиче или некое лепливо средство. Шишето се врзува за грлото и се обесува за сотоносот на празна рамка да виси на 5 см од долната летвичка. Рамката со шишето се става помеѓу двете крајни рамки. Потоа друштвото го затвораме со поклопната штица како и обично. Кога ќе приметиме дека отворите на кесата или фитилот се нипрополисани ќе ги истружиме од прополисот. При работа со мравјата киселинаи нејзиното претурување и полнење потребно е да се има заштитни средства и да се работи на отворен простор или со вентилација на просторијата.

 

  1. Во најлонска кеса се става хартија 4 – 5 слоја или сунѓер и се отвора отвор од 3 см. диаметар а горната страна од кесата се лепи. Така спремените кеси се носат на пчеларникот. Мравјата киселина се носи во затворени шишиња или туби (по можност пластични). Треба да се носи и медицински шприц. Концентрираната киселина 95 – 97 % се полни во шприц со продолжеток наместо иглата се става пластично цревце. Пред да се отвори друштвото низ отворот на кесата со шприцот се налива мравја киселина и тоа 5 мл. за нуклеус а 10 мл. за средно друштво а за јако 15 мл. Се отвора друштвото се поставува најлон кесата над плодишните рамки а потоа брзо се затвора поклопната штица. Кесата и овде се поставува од задната страна спротивно од летот. При апликацијата добро е да нема легло и да се изведува во почетокот на есента и рано во пролет но да не се ниски надворешните температури. Одлична е употребата врз гол рој.При третирањето треба да се има на ум следното :

– да се работи со заштитни средства

– мравјата киселина е отровна за луѓето

– времето на третирање трае 4 недели

 

  1. Во најлонска кеса се става тампон од етисон со димензии 120 х 100 мм.а потоа му се додава 15 мл. мравја киселина од 98 – 100%јачина а потоа кесата ја лепиме од горната страна со апарат за лепење на фолија. Така приготвените кеси ги носиме на пчеларникот а пред додавање го отселуваме едниот кош со ножица и се става кесата над рамките со сечениот дел завртен на назад и стои 10 и повеќе денови додека има да испарува киселина. При третирање температурата да е поголема од 15 0C а помала од 25 0C. Пред употреба ширум да се отворат летата (нема опасност од влегување на глувци и други штетници). Го уништува штетникот (вароата) и во покриеното (затворено) легло,а истовремено го убива восоковиот молец и ја дезинфецира кошницата од внатрешната страна а не остава трагови во медот и восокот.

 

 

Третирање: Мравјата киселина е природна материја која се содржи во мали количини и во медот. Оваа киселина е многу ефективна  во борбата со вароата (над 95 % ефективност) но треба да се употребува правилно. При користење на концентрирана киселина пчеларот треба да превземе заштита. Оваа супстанца е единствената досега за која сум слушнал да го убива паразитот и во затвореното легло. При неправилна употреба поточно на висока температура може да дојде до губење  на матици. Мравјата киселина има особина брзо да испарува и на тоа треба многу да се внимава.

Краткотрајно третирање: Ако се третира без специјални испарувачки направи мравјата киселина се налива дирекно на апсорберот (носителот). Потребни се 3 – 4 третирања во серија со по 30 мл. (60% киселина од горе или 85 % од долу во текот на една недела). Третирањето при дневни температури од 12 – 20 оC преку денот а на температура од 20-25 ОC се третира навечер а при повисоки од 25 оC не се третира.

Долготрајно третирање: Ова третирање е полесно но бара специјални дозирачки направи кои на пазарот ги има во најразлични видови. Употребата на секое треба да се изведува според упатствата. Ако природното паѓање на паразитот е над 10 на ден  кон крајот на     Јули или почетокот на Август обавезно треба да се применат две долготрајни третирања. Првото треба да се изврши одма после летниот медособир. Второто се врши од втората половина на септември. Кога смртноста е под 10 на ден доволно е едно третирање кое може да се изврши на почетокот на септември. Потребата од второто третирање може да се утврди со набљудување на природно паднатите варои третата и четвртата  недела од последното третирње. Доколку природната смрт е под една на ден нема потреба од второ третирање. Кога вакви детални третирања се прават пчеларот е слободен најчесто до наредната година (до прекратување на последниот медособир). Третирањето со мравјата киселина што е многу успешно, него го наложуваат и строгите норми на Европската Заедница а уште повеќе со новиот начин на биолошко пчеларење. Мравјата киселина која се носи на пчеларникот било да е во шише или спакована на некој носач и залепена во најлонска кеса пожелно е да е изладена што повеќе а добро е и за време на целата работа на пчеларникот да се чува во покретно (рачно) сандаче снабдено со влошки кои го подржуват ладењето. Изладената киселина при поставувањето во кошницата не почнува веднаш да испарува а со тоа не прави нагло шок кај пчелите туку како се затоплува така полека почнува да испарува.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close