fbpx
Вести

Приноси од доцни есенски култури во Kрива Паланка и Ранковце

Приносите од бербата на доцни есенски култури на подрачјето на општините Kрива Паланка и Ранковце изнесуваат околу 13.607 тони, покажуваат проценките од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво од Kрива Паланка.

prinosi od docni esenski kulturi vo kriva palanka i rankovce

 

Со доцни земјоделски култури била опфатена вкупна површина од 1.770 хектари, од која најголем процент ја обработувале индивидуалните земјоделци, кои вкупно оствариле приходи од 13.372 тони, а 235 тони се приноси од земјоделските претпријатија.

kompiri

Најмногу приноси се остварени од компир и изнесуваат повеќе од 7.875 тони, а просечниот остварен принос од хектар е 10.500 килограми. Приносите од пченка изнесуваат 2.205 тони, зелка и кељ 1.170 тони, пипер 840, приносите од домат се 300 тони, грав 210 тони, краставица 180 и кромид 120. Најмали се приносите од грашок од кој произведени биле само 12 тони. Остварени се и вкупни приноси од 340 тони луцерка и 140 тони детелина.

ZS_leg

На подрачјето на Kрива Паланка и Ранковце годинава воопшто не биле засеани добиточен грашок, граор, индустриски пипер, суров тутун, сончоглед, оризова арпа, овес, сончоглед и лубеница.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close