
Заврши проектот за заштита од климатските промени
Климатските промени се реалност и најголем предизвик на нашата генерација. Само со превенција може да се заштити земјоделството од негативните влијанија и со тоа да се намали загубата на земјоделското производство. Ова беше целта на четиригодишниот проект на УСАИД што го спроведе мрежата за рурален развој.
Во изминативе години со проектот беа опфатени околу 2.600 земјоделци.
– Мрежата за рурален развој преку проектот во изминативе четири години спроведе низа активности опфаќајќи тестирање на едноставни и ефективни адаптивни практики спроведени на ниво на фарма, и реализира сеопфатна информативна кампања за зголемување на свеста на земјоделските производители, комбинирана со програма за обука и јакнење на капацитетите, подготвена според потребите на земјоделците и нивните здруженија. – изјави, Петар Ѓорѓиевски, претседател на мрежата за рурален развој.