вести

Припрема на земјоделската механизација за пролетни работи

(Oвој напис е објавен на: март 4, 2017)

15442232_1207903025957471_8660971275865312462_n priprema na zemjodelskata mehanizacija za proletni raboti

Земјоделската механизација како што е познато бара внимателно одржување бидејќи тоа e основен чинител кој влијае на подолгиот век на траење и на исправно работење во текот на експлоатацијата. При употреба машините и алатките се изложени на различни внатрешни и надворешни влијанија, па е потребно да се заштитат а во период кога се во мирување да се конзервираат на соодветен начин, така што кога се јави потреба што полесно и што побрзо да се пуштат во употреба. При одржување на земјоделската механизација, погонска и приклучна посебно внимание треба да се посвети дали одржувањето се однесува на: Пред почетокот на сезоната За време на сезоната По завршување на сезоната Секое од овие одржувања има свои специфичности и посебности но ние ќе се задржиме на одржување пред почетокот на сезоната бидејќи таа ни е на прагот. Ќе претпоставиме дека по завршетокот на сезоната е завршена третата фаза односно е извршено конзервирање. Прв чекор е деконзервирање, кое се состои во отстранување на заштитата, потоа следува визуелен преглед за проверка на исправноста и евентуално оштетување, поради замена или поправка на одредени делови кои се дотраени или оштетени. Следува подмачкување и пуштање во пробна работа. Ако се забележат неправилности при работа на машината, приклучната машина се подесува се додека не се добие саканиот ефект. Се ова се прави по упатствата на производителот а резервните делови треба да се оригинални. Исто така многу е битно да се евидентираат сите поправки и трошоци. Тракторот како една од многуте машини на земјоделското стопанство, зазема прво место по важност, бидејќи тој е основна погонска машина која се користи за изведување на сложени технолошки процеси во производството на различни земјоделски производи. Заради неговата важност, и заради цената на чинење, треба да му се посвети посебно внимание при одржувањето и правилното ракување со него. После зимскиот период а пред пуштање на тракторот во употреба, треба прво да се провери притисокот во гумите, потоа треба да се вгради акумулаторот, да се провери нивото на електролитот кое треба да биде 1см над плочите а по потреба да се дотури дестилирана вода. Исто така треба да се провери нивото на маслото во моторот и хидрауликата и филтерите за воздух. Се проверува нивото на течност во резервоарот на системот за ладење, и резервоарот за гориво исто така се надополнува, но мора да се обрати внимание на чистотата на горивото . После завршување на овие работи, моторот на тракторот се стартува и се пушта да се загрее до работна температура, тоа е знак дека моторот не загрева и со него е се во ред. Но да би се пуштил тракторот во работа треба уште да се провери исправноста на уредите за кочење и управување. За да работата со тракторот биде што посигурна и што поудобна треба сите лагери и спојки да се подмачкаат со товатна маст а некои спојки по потреба да се затегнат. Во денешно време на многу скапи и сложени земјоделски машини многу е важна и едукацијата на ракувачот со тие машини како и нивно редовно и квалитетно одржување.

 

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Close