Преработена храна: Природните ароми се прават од анална жлезда на дабар
Ако не водите сметка за вашата исхрана, најверојатно не сте свесни што сѐ јадете во текот на денот. Во овошјето и зеленчукот нема многу изненадувања, освен пестицидите со кои се прскаат и средствата што подолго ги одржуваат свежи, но во преработената храна има сѐ и сешто, од влакна, восок, па дури и нафта.
Адитивот за вкус познат како кастореум најчесто го има во мастики за џвакање, кондиторски производи, алкохол, сладолед, преработки од месо и во аромата од малина.
Се прави од секрет што го лачат аналните жлезди на дабарот, а женките го користат за „обележување“ на територијата и привлекување на мажјаците.
Овој адитив на декларациите најчесто се крие под ознаката „природна арома“, но не е утврдено како дошло до тоа нешто излачено од аналната жлезда на животно да има „добар вкус“.
Валентина Соколовска
за Зелена берза