fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Исплата на ковид мерката за тутунарите или активирање на протестите и блокадите

Новоформираните тутунарски здруженија со предупредување до Владата

Четирите новоформирани тутунарски здруженија бараат итна исплата на ковид пакетот што им го вети владата, во спротивно велат дека се враќаат со блокади на патиштата.

-Измина доволно долг период од ветувањето на Владата за да ни ја исплати ковид мерката. Средствата се уште не сме ги добиле и време е јасно и гласно да си ги побараме, бидејќи требаше веднаш да ни бидат исплатени.

Доста  е купување на време и одолговлекување, ако за вас тие пари се малку и небитни, за нас секој  тешко заработен денар  е важен и битен. Затоа наредната недела ќе е последна, тутунарите да се стрпат, ако не се исплатат парите  тутунарите се враќаат со блокади на патиштата. Срамота е ваквиот однос, тоа зборува за вас и вашиот однос кон земјоделеците, зашто сите наши стекнати со закон придобивки мора да си ги бараме на ваков начин со протести.

Го прашуваме премиерот, дали планира да го одржи ветувањето од 180-185 денари просечна цена за тутунот, или и тоа беше уште една празно ветување, пишуваат од здруженијата во допис до Зелена берза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close