fbpx
ВестиТоп вести

Проблемот со преспанските јаболка допрва ќе се решава

Во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денес се одржа работен состанок со производителите на јаболка од преспанскиот регион на кој се разговараше за актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат јаболко производителите .

Во однос на барањата од страна на производителите на јаболка кои се однесуваат на исплата на основната субвенција за одржување на овошни насади до крајот на март и исплата на дополнителната субвенција од 3 денари од Програма за 2018 до 30 –ти јуни, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николоче Бабовски, посочи дека овие барања ќе бидат исполнети, бидејќи истите се врзани и со законските рокови за исплата.

Во врска со барањето на овоштарите за продолжување на дополнителната мерка од 3 денари за предадено индустриско јаболко до крајот на јуни годинава, претставниците од МЗШВ и јаболкопроизводителите се договорија во следните денови да се направаат сите анализи и пресметки и до 1-ви март да се донесат конкретни предлози и да се дизајнира мерка со која што ќе се амортизираат загубите на овоштарите и ќе се реши пласманот.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close