вестиТоп вести

Хемиска анализа на мед е најмеродавна за квалитетот на мед

Најчестото прашање на секој купувач на мед е „Кој вид на мед е најдобар?“ Одговор на ова прашање непостои. Секој вид на мед е добар и поседува свои уникатни особини кои делуваат против одредено заболување. Најбитен фактор за квалитетот на медот е да потекнува од органско производство без додавање на други шеќери, сирупи и разредувачи на природниот мед, за да се промени неговиот вкус, вискозитет, да се намали цената на неговото производство или да се зголеми содржината на фруктоза за спречување на кристализација.

Со голо око тешко е да се утврди кој мед е најквалитетен.  За да не се прави забуна добро би било мед да се купува од познат производител. Доколку  треба да се одлучи кој мед да се набави, тогаш најдобро би било тоа да е мед што е кристализиран, препорачуваат медарите.  Единствена гаранција за квлитетот на било кој мед може да се добие само со негова хемиска анализа.

За да се тргнат настрана сомнежите на самиот потрошувач околу тоа, Проанализ Лабораторија е единствена лабораторија во Република Македонија која нуди проверка на квалитетот на медот преку нејзиниот спектар на анализи кои ги врши врз самиот мед. Проанализ Лабораторија ви ги нуди следните анализи:

  • Шеќери (сахароза,глукоза, фруктоза)
  • Влага
  • Слободни киселини
  • Електрична спроводливост
  • Број на дистази
  • HMF
  • Нафталин
  • Пролин
  • Анализа на јаглерод

 

Од досегашните искуства на Проанализ Лабораторија можи да се кажи дека на пазарите во Република Македонија има доста голема понуда на квалитетен природен органски мед и ги охрабрува потрошувачите да го консумираат медот без сомневање. Исто така нашиот квалитетен природен органски мед се докажана и со сребрен медал на Меѓународниот саем за храна и земјоделство АГРА 2018 што се одржа во Словенија.

Медот како храна и лек

 

Слаткиот вкус на медот доаѓа од моносахаридите фруктоза и глукоза, а блажината му е приближно иста со онаа на сахарозата.Поради оваа особина често се користи во кулинарски цели како засладувач. Една од интересните карактеристики на медот е што повеќето микроорганизми не се способни да растат во него, затоа медот не се расипува, дури и во тек на илјадници години. Една лажица мед (15 милилитри) го снабдува организмот со 64 калории, што е еквивалентен енергетски внес со 1272 kJ на 100 g.

 

Медот во улога на убавина и здравје

 

Медот истотака е и најстариот трик за убавина. Уште во далечното минато, Клеопатра се бањала во млеко и мед за да ѝ даде мекост на својата кожа, а Попеа, жената на римскиот император Нерон, со медот го одржувала својот младешки изглед. Медот е природен хидратант, што значи дека ја привлекува и задржува влагата, па така, иако лепливо, сепак претставува одлично решение за сува кожа. Доколку сакате природна маска за лице, можете да измешате 2 лажички стопен мед со 2 лажички јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и почекајте 15 минути. Потоа измијте се само со вода. Медот помага и за обновување на мртвите клетки на кожата, бидејќи е полн со антиоксиданси кои помагаат во борбата со оштетената кожа. Исто така, медот има антимикробни својства, што значи дека ги чисти затнатите пори, не дозволувајќи создавање на акни.

 

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close