ВестиМакедонијаТоп вести
Повикајте второстепена комисија, не го предавајте тутунот за џабе
Саше Мицкоски од Иницијативниот одбор вели дека денеска откупувачите и покрај што се обврзале за пореална проценка на тутунот тоа не го исполниле, тутунот се цени нереално.
Повикајте второстепена комисија за проценка на тутунот на лице место на откупот и не го предавајте родот за џабе, повикуваат од Иницијативниот одбор на тутунари во изјава за Зелена берза. Саше Мицкоски од Иницијативниот одбор вели дека денеска откупувачите и покрај што се обврзале за пореална проценка на тутунот тоа не го исполниле, тутунот се цени нереално.
-И денска тутунот се цени ниско и по една класа подолу од вистинскиот квалитет. Затоа ги повикуваме тутунарите да не го предаваат тутунот по секоја цена, туку ако се сигурни дека им се крати на проценката и се оди класа подолу да повикаат второстепена комисија. Тоа ќе оди на штета на откупувачите, вели Мицкоски.
А.Б