
Вести
Се извезува македонското јагне, цената ниска
Во моментов најавен е извоз на јагнешко месо за пазарите во Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Грција. Вообичаено во овој период се пласираат над 20 илјади јагниња. Но бројот од година во година се намалува, и поради последиците од болеста син јазик.
Пазарна нелогика како што се намалува бројот, така се намалува и цената. Според информациите од теренот фармерите велат дека се нуди цена од 120 до 130 денари за килограм жива мера. А изминативе години таа достигнуваше и над 200 денари.