Прочитајте-Скоро 20 милиони евра за финансиска поддршка на рурален развој
Анализа на „Порталб.мк“: Детали од ребалансираниот буџет, кои проекти засилуваат, за кои ќе има помалку пари?
Ќе растат и јавните и приватните инвестиции со засилено темпо. По најавата дека во период од шест години Владата најавува инвестциски бран од 8 милијарди евра – оптимистичките прогнози за рестаритрање на инвестциите вградени и во ребалансираниот буџет.
„Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 проценти во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции“ – се наведува во предлог-ребаланс на буџетот кој веќе е пристигнат во Собранието.
„Порталб.мк“ во детали објавува кои минстерства и институции ќе добијат повеќе пари за капитални расходи преку Развојната компонента на буџетот.
Капиталните расходи ќе растат – повеќе пари за социјални станови, за здравство, помалку за гасификација, за реформи во одбрана …
До крајот на годината засилува изградбата и реконструкацијата на Административни згради на државните органи – сумата се зголемува на скоро 4,6 милиони евра.
Кај Министерството за земјоделство средствата за Хидросистем Злетовица остануваат на сито ниво, се намалуваат парите за Хидросистем Лисиче но затоа пак драматично зголемување има на финансиите за Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои се качуваат на ниво од скоро 20 милиони евра за финансиска поддршка на рурален развој.https://meta.mk/analiza-na-portalb-mk-detali-od-rebalansiraniot-budhet-koi-proekti-zasiluvaat-za-koi-ke-ima-pomalku-pari/