Вината нa „Сковин” вo нoвo руво

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Винаријата „Сковин” во четвртокот ги претстави новите, ребрендирани амбалажи на колекциите „Classic” и „Finest Selection”. Следејќи ги модерните вински трендови и најновите дизајнерски стандарди, новата амбалажа ја отсликува традицијата, духот на старо Скопје, или како што велат од „Сковин”: вкусот на наследството!

vinata na skovin vo novo ruvo

 

Откривањето на ребрендираните амбалажи се одржа во хотелот „Александар Палас” во Скопје, а беа пречекани од присутните со воодушевување.

Вината на „Сковин” се пласираат на 18 светски пазари на 5 континенти и со нас 50 меѓународни награди и признанија го добиваат ликот што го заслужуваат.

Винаријата „Сковин” е меѓу најголемите на Балканот, со капацитет од преку 17 милиони литри вино годишно.