fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

ПРОЧИТАЈТЕ!!!Точна пресметка колку чини производството на пченица-19 денари килограм!

Пченица вкупни производни трошоци 19 мкд по килограм произведена пченица, јачмен вкупни производни трошоци 14.68 мкд по килограм произведен јачмен. Со оглед дека откупувачите нудат откупни цени од 9 до 11 ден што е далеку под производната цена ние како НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА сметаме дека се исполнети законските одредби за интервентен откуп од страна на државата

Националната земјоделска мрежа чии претседател е Ѓорѓи Каракашев ги објави производните цени на пченицата и јачменот. Прочитајте во продолжение!

Повторно манипулација и грабеж на земјоделците од страна на откупувачите. Почитувани земјоделци!!! Согледувајки ја целокупната ситуација околу откупот на овогодишното производство на житарици поточно грабежот кој се врши спрема производителите на жито од страна на откупувачите тоест трговците, НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА благовремено со писмено барање се обрати до Земјоделскиот институт Скопје како референтна научно истражувачка институција да изработи производна цена на јачменот и пченицата за производната реколта 2023 год. На нашето барање Земјоделскиот институт Скопје одговори позитивно при што ги добивме следните производни цени : Пченица вкупни производни трошоци 19 мкд по килограм произведена пченица, јачмен вкупни производни трошоци 14.68 мкд по килограм произведен јачмен. Со оглед дека откупувачите нудат откупни цени од 9 до 11 ден што е далеку под производната цена ние како НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА сметаме дека се исполнети законските одредби за интервентен откуп од страна на државата според законот за земјоделие и рурален развој по член 40 точка 1,2.3. 4.и 5.Според овој закон во услови кога откупните цени се под производните цени на житариците државата е задолжена да изврши интервентен откуп за стокови резерви со цени од мин 25% над пресметаните производни цени на житариците и со тоа да се заштити домашното производството на овие култури, кои и според закон се стратешки култури од суштинско значење за државата и граѓаните. Во ова прилика јавно ја повикуваме Владата да ги испочитува одредбите од Законот за земјоделие и рурален развој и под итно да овозможи интервентен откуп на овие житарици со што ке се спречи евидентниот грабеж на земјоделските производители на житарици односно ке се предизвикаат долгорочни и несогледиви штетни последици по производителите на житарица но општо и по граѓанството. Како НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА според Статут сме обврзани да ги штитиме интересите на сите наши членови и останати земјоделци и во ова прилика напоменуваме доколку владата не постапи по законските одредби за интервентен откуп на житариците, Националната земјоделска мрежа ке ги искористи сите законски и демократски средства што и стојат на располагање во реализација и остварување на правата на земјоделците. Во прилог јавно ги споделуваме документите за целосно и објективно информирање на сите инволвирани страни со надеж дека нашите апели ке вродат со плод односно ке се изнајде институционално решение и нема да бидеме приморани решението да го бараме на протести и блокади. Во прилог : 1.Барање за утврдување на производна цена од страна на Национална земјоделска мрежа. 2.Извештај за изготвена вкупна производна цена по кг јачмен и кг пченица од страна на Земјоделски институт Скопје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close