fbpx
Вести

Продажба на земјоделско земјиште за изградба на расадници

Во Богданци се нудат 4 хектари државно земјоделско земјиште за изградба на расадник за градинарски култури.

На огласот можат да се јават домашни и странски, физички и правни лица.

prodazhba na zemjodelsko zemjishte za izgradba na rasadnici

 

Во бизнис планот понудувачите треба да предвидат изградба на оранжерија за производство на сертифициран саден материјал за градинарски култури  со производство од најмалку 20 милиони садници годишно.

Инвестицијата треба да се направи за 4 години со минимално вложување од  1.200.000  евра.

Изборот на најповелен понудувач е по пат на електронско јавно наддавање и врз основа на највисоко понудена деветмесечна закупнина по хектар, а почетната цена за хектар изнесува 490 евра.

Пријавените на огласот треба да достават и банкарска гаранција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close