fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и натпросечно топло до 35 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ=7

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close