fbpx
ВестиТоп вести

Лозарите и винарите денеска ќе преговараат за цената на грозјето

Лозарите и винарите денеска ќе преговараат за цената на грозјето. Претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев информира за МИА дека интерната средба во Министерството за земјоделство е закажана за во 12:15 часот.

На неа покрај претставниците на Министерството, се очекува да присуствуваат и градоначалниците од општините од тиквешкиот регион, како најголем лозаровинарски регион во државата. Таму треба да бидат и пратениците од Тиквешко.

Инаку, синоќа во Кавадарци се одржа средба на лозари со претставници на успешни задруги од Војводина. Тие ги презентираа своите искуства на патот кон подобро земјоделство.

-Целта е и ние да ги согледаме поволностите од тоа да пристапиме кон задругарство. На таков начин лозарството би било поефикасно, би имале можност за различни видови на помош, а полесно би ги остварувале и своите права, рече Кулев.

Присутните земјоделци се интересираа за повеќе прашања, како финансирање и менаџирање на задругите и слично.

 


 

фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close