Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Проект „Зелена сончева“ – зачувување на животната средина преку унапредување на шумскиот фонд
Проектот „Зелена сончева“ чии креатори се Гордана и Ханес, денеска официјално ќе ја добие нашата поддршка со потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу МЗШВ ЈП Национални шуми и „Мен енд Маунтен“.

Овој меморандум има за цел поттикнување на зачувувањето на животната средина преку унапредување на шумскиот фонд на територијата на Република Северна Македонија, со силна заложба за зајакнување на граѓанскиот активизам и подигање на свеста на граѓаните околу важноста на шумите и нивната улога во синџирот на природните процеси. Борбата со климатските промени, недостатокот на вода, обезбедувањето на чист воздух и чиста животна средина е заеднички приоритет на човештвото во целост. Затоа ваквите проекти како што е „Зелена сончева“ секогаш ќе бидат поддржани од министерството.
Однапред се радувам на годинешното есенско садење во кое лично ќе учествувам. Еден ден тие садници ќе израснат во нова шума, со која сите ќе се гордееме.