fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Програма за заштита на јаболкото – Фенофази во развојот на јаболкото

 

Програма за заштита на јаболкото  

Фунгициди

 

Инсектициди

 

Биостимулатори

Фенофази во развојот на јаболкото
 

 

 

 

 

 

 

Плодови со големина на орев

(два третмани)

 

Fontelis

(750 mL/ha)

+

Malvin

(2 kg/ha)

Avaunt 15 EC

(330 mL/ha)

+

Closer 120 SC

(300 mL/ha)

Folical (3 L/ha)
Systhane 20 EW

(450 mL/ha)

+

Malvin

(2 kg/ha)

 

Coragen 20 SC              (200 mL/ha)

 

 

Folical (3 L/ha)

 

 

 

Пораст на плодовите

 (јули и август)

(два третмани)

Fontelis

(750 mL/ha)

+

Malvin

(2 kg/ha)

 

 

Delegate 250 WG (300 g/ha)

 

 

 

 

Folical (3 L/ha)

 

 

 

Bellis (800 g/ha)

Spintor 240 SC (500 mL/ha)

+

Closer 120 SC

(300 mL/ha)

Ener K

(2 L/ha)

(два до три третмани)

 

 

 

Зреење на плодовите (септември)

 

Bellis (800 g/ha)

 

Delegate 250 WG (300 g/ha)

 

 

 

Neostren Forte

(2 kg/ha)

(два третмани)

Краток опис на новите пестициди со начин на примена.

  1. DELEGATE® 250 WG – е инсектицид од новата генерација кој припаѓа во групата на спинозини, содржи 250 g/kg спинеторам.  Делува   на   никотин-ацетилхолин   рецепторите (nAChR).  За сузбивање на Jаболковиот црв (Cydia pomonella), Крушкин црв (Laspeyresia pyrivora).

Delegate 250 WG се употребува во доза од 250 – 300 g/ha. Може   да   се   употреби, по   избор, за   било   која   од генерациите на јаболковиот црв.

  1. CORAGEN® 20 SC е   нов   антраниламиден   инсектицид, кој   по   принцип   поседува   нов механизам на дејствување.  CORAGEN ®  20  SC    дејствува кoнтактно и дигестивно  врз штетните   инсекти.   По   апсорпција   на   токсичната   доза,   настанува   брза   промена   во однесувањето   на   инсектот,   кое   се   манифестира   со   запирање   на   исхраната   и   на   крај настапува смрт. CORAGEN ® 20 SC  има уникатен механизам на дејство, кој предизвикува активирање   на   рецепторите   кај   инсектот,   кои   вршат   контракции   на   мускулите. Тоа придонесува за брзо одделување на калциум од мускулните клетки, кое предизвикува до нарушување на  функција на мускулите, парализа и смрт на инсектите. Активната материјахлорантранилипрол има трансламинарно дејство што ја зголемува отпорноста на дожд, кој паднал 2 часа по третирањето. CORAGEN ® 20 SC делува на:

– јајцата

– новоиспилените ларви во текот или веднаш по пилењето

– директен контакт на ларвите со исушениот раствор аплициран  на растителните делови

– и на ларвите кои започнале со исхрана на третирани растителни делови.

Доза на примена: 200 ml/ha за сузбивање на јаболковиот црв.

  1. AVAUNT® 15 ECIndoxacarb 150 g/L. AVAUNT® 15 EC е инсектицид кој се користи за сузбивање на штетници кај јаболчестото овошје, коскесто, винова лоза, градинарски култури, пченка и маслодајна репка. Индоксакарбот делува на инхибиција на натрумовиот јон  кој навлегува во нервните клетки (блокада на напонски зависни натриумови канали) што резултира со парализа и смрт на целните штетници. AVAUNT® 15 EC делува контактно и преку ингестија и е активен како овицид на сите ларвени стадиуми.

За сузбивање на јаболковиот црв (Cydia pomonella) и свиткувачите на покожицата на плодот Pandemis spp, Adoxophyes orana, Argyrotaenia pulchellana, Archips padana, се препорачува примена при полагање на јајцата односно веднаш штом е надминат економскиот праг за летот на возрасните единки според феромонските мамци. Препорачана доза 330 – 500 mL/ha со потрошувачка на вода од 1000 – 1500 L/ha.

  1. CLOSER  120 SCSulfoxaflour.  Нов инсектицид.  Делува на инсектите со устен апарат за бодење и смукање: Лисни вошки, Белокрилка, Штитести вошки, Цикади. Активната материја сулфоксафлор е единствениот претставник од една нова подгрупа на инсектициди наречена сулфоксамини која делува на никотин ацетилхолинските рецептори. За разлика од другите конкурентски инсектициди Closer 120 SC поседува од два до седум пати побрзо контактно и дигестивно делување. Отпорен на промивање од врнежи. Во производството на јаболко и круша се применува за сузбивање на лисните вошки во доза од 200 – 400 mL/ha. Во Италија практика е непосредно пред цветање или на почеток од цветање да се третира со Teppeki а по цветање во фенофаза на заврзување или плодови со големина на лешник примена на Closer 120 SC. Една од најголемите предности на овој инсектицид освен брзото контактно делување е и исклучително долго резидуално делување.
  2. FONTELIS®SC – Penthiopyrad/ Пентиопирад …………. 200 g/L

делува на респираторните процеси на клетката на патогенот, преку инхибирање на два есенцијални процеси кои се неопходни за правилна респираторна функција на клетката. Како резултат на инхибирање на овој процес, растот на мицелијата веднаш запира.

FONTELIS®SC е превентивен и куративен фунгицид со контактно, системично и антиспорулативно дејство во растението.

Најдобар ефект се постигнува кога FONTELIS®SC се користи превентивно или во раните фази од развојот на болеста.

FONTELIS®SC има одлично фунгицидно дејство кај голем број земјоделски култури. Во јаболчести овошни видови (јаболко и круша) се применува за сузбивање на чадлива краставост, пепелница, кафеава дамкавост и црна дамкавост кај јаболко. Доза на примена 750 mL/ha.

  1. NEOSTREN FORTE.

Биостимулатор кој го спречува подгорување на врвот на листовите.

Го спречува пукањето на плодовите како и појавата на горки дамки на плодовите.

Деклариран состав: Калциум оксид (CaO) 24%, Силициум (SiO) 10 %, Глицинбетаин 16%, Бор (B) 1,5%, Слободни аминокиселини 2 %.

Доза: 2-2,5 kg/ha.

  1. ENER – K

Биостимулатор за поинтензивна обоеност на плодовите и шеќерни единици.

Деклариран состав: Фосфор (P) 10 %, Калиум (K) 15%, Органска материја 15%, Aлгинска киселина 0,4%, Maнитол 0,2%, Бор (B) 0,01%, Moлибден (Мо) 0,02 %.

Доза: 1,5-2 L/ha.

  1. FOLICAL

Биостимулатор кој во својот состав содржи: екстракт од алги GA 142 Ascophyllum nodosum + Калциум оксид (CaO) 15%.

Доза на примена: 3-5 L/ha

 

Изготвил:

М-р. Петковски Ефтим: 072 – 245 – 481

ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close