fbpx
Вести

Производителите на сливи бараат обештетеување од Владата

По обвинувањата на министерот Николовски дека зад протестите стои политика, а не вистински проблем, сливарите сметаат дека Владата на овој начин само купува време, а тие време за чекање немаат.

-Времето работи против производителите, затоа што ако за неколку дена не се собере, ќе пропадне. Џабе се субвенции, џабе договори, апсолутно нема ништо да го реши случајот и ќе мора да одиме на радикализација- изјави Славчо Деподов, сливар од Делчево.

Делчевските овоштари денес одржаа вонреден состанок со претставници од министерството, од кои добиле ветување дека откупувачите само што не пристигнале и дека спорадично некои веќе доаѓале, но сливарите не ги виделе. Ноторен факт е, вели Десподов, дека повеќе од половината од родот е на земја и се скапува, а државата не сака да ја погледне реалната слика и да изврши проценка на штетата.

-Да се обесштетат сите сливари во Македонија е некаде од 1 до 2 милиони евра. Тоа апсолутно не е никаков проблем за Владата, затоа што гледаме какви пари даваат за фондови за иновации. Апсолутно тоа не е голема сума за буџет од 3 милијарди евра, за да се, барем минимално обесштетат производителите на сливи- додаде Десподов

Спасувањето на годинашната реколта е речиси изгубена битка, но за да останат овошните насади, ќе мора да се преземат мерки веќе од догодина, за отворање на големи преработувачки капацитети, дестилерии или сушилници, каде производителите би имале сигурен пласман.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close