fbpx
Вести

Производство на жита во Македонија

Според официјалните статистички информации (Статистички годишници на РМ) во Македонија се произведуваат шест вида жита – пченица, рж, јачмен, овес, овес, пченка и ориз. Житата се основна храна на најголем дел од свестската популација. Најважни се, односно најголем дел за исхрана на населението на светско ниво се оризот и пченицата. Исто така и за Македонија  од најголемо значење се пченицата и оризот како човечка храна, додека останатите се користат главно како добиточна храна  (освен ржта). Ваквиот систем на подела се помалку се користи во праксата, бидејќи денес како специјално лебно брашно се користат оние како додатоци или во целост од брашното од рж, јачмен и пченка.

И пошироката јавност на Македонија знае дека Македонија увезува жито, односно не ги задоволува домашните потреби ниту со  “лебно” жито ниту со тжита користени за добиточна храна. Затоа е многу важно да се искористат до максимум условите за зголемување на производството особено на пченицата за која даваме високи средства за увоз.

Обемот на производство зависи од обемот на засејаните површини и висината на  приносите по единица површина.

Сакавме појасно да се согледа движењето на површините и продукцијата, поради што искористивме десетгодишни движења во споредба и со 1991 година, година на осамостојување.

Засејани површини

Претежно годишно со теста сме засејувале по 169,400 илјади ха, што е  во  споредба со 1991 година за 67,6 ха. Анализата во последните десет години  (2007 до 2016 год.) покажува постојано намалување годишно од 184 илјади ха намалени се намалени на 168 илјади ха во 2016.

Истите зафаќаат најголем дел од ораници и бавчи и тоа 39,0% до 43,3%, со релативна нестабилност, но во просек од 40,5% (таб.1).

Во засејаните површини доминира пченицата со  81,8 илјади ха годишно и намалени во однос на 1991 година за 31,2 илјади хектари. Засеаните површини со жита во овие  10 години постојано се намалуваат (од 92 илјади ха на 80 илјади ха). Јачменот во просек бил засејуван на 43,4 илјади ха, со исто толку намален обем од околу 41 илјади ха. Пченката е трета по обемот на засеани површини, која просечно се засејала на 30,7 илјади ха и е намалена во споредба со 1991 година за 12,1 илјади ха. Ржта и овесот имаат релативно стабилен обем на засеани површини, но силно намален во споредба со 1991 година.

Оризот во почетокот  на овој период на истражување, повеќе од двојно бил засејуван (2007 до 2010), но просечниот обем е помал од тој во 1991 година за 4,5 илјади ха.

Обемот на намалување на површина со жита е во  согласност со напуштени и необработени ораници во Македонија. Без оглед што пченицата зафаќа (просечно) 42,6 % од засеаните површини (48,0% во 1991), јачменот 25,6%, ржта  2,4% и овесот 1,7%, освен оризот сите други површини не обезбедуваат доволно лебно жито и жито за добитчна храна.

Вкупна продукција на жита.  Вкупната продукција на жита  (од пченица до ориз) во просек последните десет години изнесува 555,85 илјади тони, тоа  во споредба со 1991 година помалку за 145,55 илјади тони. (таб.2). Во истражуваниот десетгодишен период, обемот на вкупните жита е доста нестабилен по години,  па се движи од 456,9 илјади тона до 637,6 илјади тони. Можеби се охрабрувачки показателите од последната година (2016) кога по релативно намалени количини од 2010 до 2012 година е  достигнат најголем обем на производство.

Пченицата има најголемо учество во вкупната продукција на жита, чиј обем се движи во последите десет години од 201,2 илјади тона до 306,4 илјади тона, што е курјозитет бидејќи се работи за 2015 и 2016 година. Продукцијата на пченица била релативно нестабилна, а десетгодишниот просек е помал од продукцијата во 1991 година за 85,73 илјади тони. Вакво нестабилно и малумерно производство на пченица е резултат на нестандардна технологија, а бидејќи приносите се под 4 тона по ха е показател за застарена технологија. Пченката имала релативно најстабилно производство во овие 10 години кое се движи од 118,4 илјади тона (2007 год.) до 154,2 илјади тона или просечно по 131,61 илјади тони, што е близу до продукцијата на пченка од 1991 година (135,0 илјади тони), со тенденција од само 106,6 илјади тона во 2007 година до 144,8 илјади тона. Јачменот се произведувал на 138,72 илјади тони со тенденција од само 106,6 илјади тони во 2007 година до 148,8 илјади тони.  Ориз сме  произведувале средно  нешто над 2,4 илјади тона, чии количини во почетните години биле далеку пониски. Во последните години оризот има производство над 30 илјади тони што е сигурно резултат на нови сорти, но откупната  цена не е конкурентска зошто постои оправдано сомнение дека површините и вкупната продукција на ориз ќе опаднат. Кај ржта, производството е намалено во однос на 1991 година, но кај овесот продукцијата е поголема од таа во 1991 година.

Зголемување на продукцијата на жита во Македонија може да се оствари ако се активира  погодниот за жита дел на необработени ораници, како и да се воведуваат нови технологии и сорти за повисок принос.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close