fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Производството на наут е реалност

Денес одгледувањето на наутот е реткост и одгледувачите, најчесто постари земјоделци, го одгледуваат на мали површини користејќи го за свои домашни потреби, а многу мали количини продаваат на зелените пазари.

Постојат докази дека наутот во Македониа се одгледувал уште пред 3.000 години. Наутот го одгледувале како намирница која лесно се чува и транспортира а за приготвување доволно е само да се остави неколку часа во вода и спремна е за консумација. Во време на воени или кризни услови наутот одиграл клучна улога во преживувањето на луѓето кои честопати морале да ги напуштаат своите домови и да престојуваат во разни засолништа во кои најчесто немало основни услови за посложени начини на приготвување на храната.

Денес одгледувањето на наутот е реткост и одгледувачите, најчесто постари земјоделци, го одгледуваат на мали површини користејќи го за свои домашни потреби, а многу мали количини продаваат на зелените пазари. Со зголемувањето на побарувачката на пазарот на земјоделски производи кои содржат растителни протеини и трендот за користење на наутот како здрава намирница, се отвора потребата за зголемување на површините на наутот и негово комерцијално одгледување. За оваа цел во одреден број земјоделски стопанства е започнато одгледување на наутот на поголеми површини.

– Постојат повеќе сорти наут, но кај нас за препорака е локалнио тип наут кој е изразито поситен од сортите кои постојат во светот, но за сметка на тоа е најдобро прилагоден за производство во аридни услови, отпорен е на пламеница и по својот аромат и вкус е во голема предност пред останатите. Со оглед на фактот дека климатските промени веќе сериозно се чуствуваат, особено на површини кај кои нема можност за наводнување, наутот како билка која е изразито отпорна на суша, станува се поинтересна за воведување во плодоред како замена за некои житни и окопни култури. Иако сѐ уште голем дел од земјоделските стопанства немаат специјализирана механизација и експериментираат со употреба на постоечката производството на наут е реалност – објаснува Горан Колев, инженер агроном.

Во неговото истражување за наутот насловено како „Развој на механизиран модел за одгледување на наут и грав, пост бербено поставување, идентификација на органски производители и воспоставување на модел за договорно производство“ поместени се и резултатите од спроведената анкета меѓу земјоделците. Анкетираните производители би одгледувале наут доколку постои познат купец кој непосредно по жетва или од склад би го откупил наутот. Заедничко за сите анкетирани земјоделци е тоа што би користеле знаење кое би го добиле од стручно лице кое има искуство во механизирано производство бидејќи главен проблем кај сите е работната рака.

– Заради подобрување на договорниот начин на производство на наут, потребно е континуирано подобрување на знаењата кај производителите од една страна и континуирана селекција во склоп на локалната популација наут со подобрување на морфолошките карактеристики на автохтоната сорта наут – вели Горан Колев

Ми.М.

Извор:новамакедонија

Слични написи

Back to top button
Close