fbpx
Вести

Враќањето на индустриските култури стимул за земјоделски развој

И покрај субвенциите кои владата ги дава за одгледување индустриски култури, сепак земјоделците освен производство на тутун немаат интерес за одгледување на останатите индустриски растенија. Памукот, конопот и ленот се целосно исчезнати од почвата на Mакедонија а шеќерната и маслодајната репа и сончоглед се застапени во многу мал процент.

vrakjanjeto na industriskite kulturi stimul za zemjodelski razvoj

 

Според агроекспертите причините за оваа состојба се повеќе, но најзначајни се нискиот принос по единица површина и ниските откупни цени за разлика од останатите земјоделски култури. Враќањето на овие индустриски култури на територијата на Македонија би било од огромно значење бидејќи на овој начин ќе се намали увозот на овие суровини од странство а од друга страна ќе се воспостави рамнотежа во производството на градинарски култури кои поради преголемото производство има проблем при пласманот на пазарите.

len-2

Според податоците од државниот завод за статистика, во 2007 година индустриските култури зафаќале површина од 5 388 хектари со исклучок на тутунот кој зафаќал површина од 12. 190 хектари. Во 2012 година индустриските култури зафаќале површина од 25.799 хекатри, ако се одбијат површините под тутун кои изнесуваат 19.656 хектари, произлегува дека останатите индустриски култури зафаќале површина од 6.966 хектари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close