
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно, ќе има повремен локален дожд
Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.
Променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Денес и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.