fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бислимоски им се закани на воените профитери, ќе си имаат работа со Обвинителството

Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Марко Бислимоски

Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи.

-Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика за „Утрински брифинг“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close