Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно, наутро со појава на магла
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.
Променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Четврток и во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во петок ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.





