Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дали манипулираат земјоделците? – Трактор даден од државата во Струшко не е пронајден кај земјоделското стопанство

Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година – при денешната екс пост контрола во с. Бичево,  Струшко, не е пронајден кај земјоделското стопанство

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и денеска на терен. Овој пат, под контрола беше Охридско-Струшкиот регион. Заедно со контролорите на Агенцијата, реализиран беше напорен, но исклучително продуктивен ден.

Резултатите од извршените контроли отвораат сериозни прашања за начинот на користење на финансиската поддршка и веродостојноста на пријавените податоци, изјави Директорката на Агенцијата по сумирањето на сите резултати.

Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година – при денешната екс пост контрола во с. Бичево,  Струшко, не е пронајден кај земјоделското стопанство, ниту на пријавените земјоделски површини. Според изјавите на присутните, бил даден на користење на друго лице а во стопанскиот двор нема никави траги од истиот, а постојат и писмени дојави дека е продаден. Корисникот има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата за потребите на своето стопанство и да не ја дава на трети лица или да ја отуѓува.

Кај пчеларите кои во последно време се и најгласни кога станува збор за субвенциите, состојбата уште поалармантна. Од пријавени 50 пчелни семејства, при денешната контрола на лице место, не беше затекнато ниту едно пчелно семејство, а според расположливите податоци корисникот нема ниту регистарски број на одгледувалиште (РБО).

Негов колега пак има пријавени 600 пчелни семејства, но според Иротова Лазарева, контролата на терен успеала да утврди само 190 пчелни семејства со пчели и 10 празни сандаци, додека останатите 400 не беа пронајдени.

Финансиската поддршка не е само право да се добијат средства од државата. Таа подразбира и одговорност, исполнување на условите и почитување на преземените обврски, потенцира Директорката на Агенцијата при што најави дека контролите продолжуваат, пред исплата, по исплата и во текот на периодот на исполнување на договорните обврски. Нема селективност и нема привилегирани. Обрска на Агенцијата е заштити чесните земјоделци и да обезбеди, јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство.

Пријавеното на хартија мора да постои и на терен!

Поврзани новости

Back to top button