Агро бизнисВестиТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, температурите до 17 степени
Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.





