fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Променливо време со дожд ќе биде застапено и идната седмица

 

Продолжува сушниот период во државата. Врнежите од дожд и снег на планините каде незначително се надополни снежната покривка сеуште нема никаква гаранција за решавање на проблемот со ниските водостои на реките и со полнењето на вештачките акумулации.

Во наредната седмица променливото време треба да донесе нови врнежи кои во ваква состојба се повеќе од добредојдени и истите земјоделците треба да ги искористат онаму каде не е завршено првото прихранување на есенските посеви.

Температурите на воздухот кои треба да достигнат и околу 20оС ќе предизвикаат будење на вегетацијата долж Повардарието и во јужните делови од Републиката кај коскестите видови овошки, додека утринските минимални температури ќе се движат во границите на издржливост на овошките во фаза на затворен цвет или почеток на цветање.

Сепак невообичаено многу рано се случуваат овие процеси, а условите за ниски минимални температури сеуште постојат, информираат од УХМР.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close