Винарија Стоби ја одбележа десетгодишнината на успешен македонски бренд

(Oвој напис е објавен на: February 19, 2019)

Винаријата „Стоби“ го одбележа големиот македонски празник Св. Трифун и својот јубилеј 10 години од постоењето во присуство на своите пријатели од бизнис, политичкиот, дипломатскиот и јавниот живот. Сите заедно го закроија лозјето и наздравија од срце.

Нашиот бренд „Стоби“, во периодот од 10 години, стана вино со препознатлив квалитет коe се пласира на повеќе континенти. Со гордост можеме да кажеме дека ги освоивме Кина, САД, Русија и Европа. Горди сме на нашите награди и пофалници од реномирани вински критичари а тоа нам ни претставува предизвик за натамошни успеси, благодарение на целиот тим, вели Минчо Јорданов, сопственик на винаријата „Стоби“.

Share Button