Вести
Промоција на добри практики за зелена економија
Случаи на добри практики за зелена економија ќе бидат презентирани денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.
Целта е да се мотивираат земјите од Балканот да започнат да инвестираат повеќе во оваа област.
Презентацијата е дел од проектот GEAR-Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија.
Проектот е фокусиран на подобрување на капацитетите на граѓанските организации од регионот кои се активни во секторот животна средина и клима за да ги застапуваат и промовираат концептите на зелена економија и зелено претприемништво.