fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бектеши-Од среда, производите намалени за 10% ќе имаат означена цена во маркетите

На листата се речиси сите прехранбени производи од пекарската, месната и млечната индустрија

Секој потрошувач од среда ќе има можност во супермаркет да купува по означена цена која нема да може да се зголемува воопшто, а утре на седница на Влада ќе бидат избрани производите односно 25 категории на производи кои ќе бидат намалени за 10% во однос на цената која ја имале на 1 август.

– Утре на седницата на Владата ќе биде доставена листата на цени, а од среда ќе почнат засилени контроли на ДПИ каде што ќе бидат вклучени и членови од Владата. Би сакал да ги повикам сите чинители во нашата држава, производителите и трговците, чии производи не се на листата, да се јават во министерството за да се прошири опсегот на поевтинети производи. Денеска ќе имам состанок и со производителите на пијалоци и со дистрибутерите, со цел следната одлука да бидат вклучени и тие во одлуката за намалување на цените до 30 ноември – рече Бектеши.

Бектеши откри дека ќе се намали цената на одреден производ без разлика кој го произведува, увезува или дистрибуира, а не само на одреден вид на производ.

– Ако се намалува цена на шпагети, ќе се намалат сите видови на шпагети, не само од еден производител. Се работи за 25 категории на основни производи, а според бројот и видов на производи, се работи за повеќе од 50 – додаде тој.

На листата се речиси сите прехранбени производи од пекарската, месната и млечната индустрија, а таа е преземена од Државниот завод за статистика и нивната методологија според тоа кои производи се трошат најмногу во нашата земја.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close